Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ПОА: Заврши политички монтиран процес против Вранишковски

0
By Нова ТВ on July 2, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 2, 2013 14:31

Денес заврши најновиот, политички монтиран судски процес против Архиепископот охридски г.г. Јован, Епископот брегалнички г. Марко, Епископот стобиски г. Давид, јеромонаси, игумании, монахињи и верници на Православната Охридска Архиепископија, се вели во соопштенито од ПОА.

Интегрален текст од соопштението на ПОА:

Судијата г. Ивица Стефановски ја соопшти пресудата која гласи: сите обвинети се виновни! На Архиепископот охридски г.г. Јован судот му изрече три години затворска казна, а на останатите обвинети судот им изрече условна казна од две години затвор, која ќе се активира доколку го повторат делото во следните пет години! Судот уште пресуди да биде конфискуван и имот на Православната Охридска Архиепископија!

Веќе е пословичен фактот дека, години наназад, во сите меѓународни извештаи македонското судство бива наведено како еден од најпроблематичните сегменти на нашето општество, токму според подложноста на корупција и на политички влијанија.

Овој политички монтиран судски процес стана доказ за горепосочените меѓународни извештаи за Р. Македонија. Ваквите монтирани судски процеси докажуваат дека судовите служат за политичка пресметка, со што уште еднаш се потврдува ставот за државната спонзорираност и штитење на монополот на расколничката Македонска православна црква и истовремено газењето на верските слободи и прогонот врз верска основа на Православната Охридска Архиепископија.

Изречената пресуда е седма затворска пресуда за Архиепископот Јован, којшто веќе подолго време е политички затвореник во Р. Македонија!

Конечно, со ваквата пресуда и расколничката Македонска православна црква ги губи шансите за решавање на проблемот со расколот во којшто пребива, притоа зацврстувајќи му ја на православниот свет претставата за себе како за верска организација, која е творба на еден минат систем и која активно учествува во прогонот на канонската Православна Охридска Архиепископија во Р. Македонија!

Во однос на медиумските набедувања, ја информираме јавноста дека, само суеверните или неупатените во верата, можат да ги разберат условните реченици како клетви! Православната Охридска Архиепископија никогаш на никого не фрлила клетва, иако такви примери имало во историјата на Црквата.

Во продолжение, за илустрација, ќе наведеме еден таков пример: светиот Василиј Острошки купил земја за Црквата, а потоа за таа земја бил неправедно обвинуван, и истиот тој имот му бил конфискувана од локалниот кнез. Кога светиот Василиј Осторшки му се пожалил на Патријархот Максим, Патријархот му испратил на кнезот писмо со следнава содржина: „…и доколку некој од вас христијаните се обиде да изврши одземање на таа земја од манастирот наречен Острог, на таквиот разорител, Господ нека му ги одземе и неговиот дом, и него, и неговите синови, и неговата стока и сиот негов имот Господ нека му го уништи одненадеж, и неговата трага и корен да погинат за навек. Амин.“ На упатените во верата им е познат понатамошниот тек на настаните!

Кога престануваат да функционираат правните закони, тогаш на сила стапуваат духовните закони! Сите во Православната Охридска Архиепископија се молат споменатите духовни закони да не зафатат никого, та да преовладее разумот, за доброто на сите граѓани, за доброто на Р. Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 18, 2026

Брисел: Марко Маковец во името на ЕУ ќе го мири Балканот

ВЕСТИ July 18, 2026

Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација…

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

July 17, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.