Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 38-годишен државјанин на Република Албанија, поради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 7 ноември 2021 година, во 20:00 часот, во Дебарца, бил запрен од полициски службеници додека управувал со патничко моторно возило Цитроен берлинго со албански регистарски ознаки и во сопственост на друго лице. При извршен претрес во возилото биле пронајдени 100 килограми наркотична дрога – марихуана, спакувана во 100 полиетиленски опаковки распределени во 5 најлонски вреќи.

Поради потребата од обезбедување на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Охрид достави предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице.