Во изминатите 24 часа министерството за здравство евидентира 31 починат пациент како последица од Ковид – 19.
18 – годишна трудница од Гевгелија почина поради компликации од Ковид – 19. Таа била во седмиот месец од бременоста и имала коморбидитети, тешко срцево заболување и страдала од редок генетски синдром.
Директорот на болницата во Гевгелија, Димитар Крџев во изјава за СДК рече дека целото нејзино семејство било позитивно на вирусот, а во болницата пристигнале со силно развиени симптоми.
Трудницата била задржана 24 часа во болницата, а бидјеќи немало подобрување на нејзината здравствена состојба била пренесена на скопските клиники, каде што по три дена починала. Од нејзиното семејство ниту еден не бил вакциниран, а другите одбиле да бидат хоспитализирани.
31 починат од ковид-19, регистрирани се нови 256 заразени и 545 оздравени