Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина академик Иван Катарџиев

0
By Нова ТВ on December 1, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 1, 2018 20:09

Денеска почина академик Иван Катарџиев, редовен член на Македонската академија на науки и уметности, соопшти МАНУ.

Академик Катарџиев е еден од основоположниците на македонската историска наука и еден од највидните македонски историчари. Предмет на неговиот научен интерес е историјата на македонскиот народ во последниве два века, а посебно историјата на национално-ослободителното движење и борбите за слобода и самостојност на македонскиот народ. Тој се смета за еден од најдобрите познавачи на македонската историја од крајот на 19 век и од првата половина од 20 век.

Катарџиев е автор на повеќе од 20 монографии од кои некои се објавени на странски јазици. Објавил девет тома зборници на документи, а под негова редакција објавени се шест книги спомени и публицистика. Насловот на неговиот последен труд е „Од Пирин до Скопје“ објавен во МАНУ во 2018 година. Покрај наведените трудови тој е автор и на повеќе од 200 статии, реферати, есеи, фељтони, критики и рецензии објавени во земјата и во странство.

Академик Катарџиев е роден на 6 јануари 1926 г. во с. Плоски, околија Сандански, во Бугарија. Основно образование завршил во родното село, а средно во Св. Врач, денес Сандански. Во 1946 г. за потребите на културната автономија на пиринскиот дел на Македонија, е испратен на студии во Скопје каде се запишал на Катедрата за историја на Филозофскиот факултет. Во учебната 1948/49 г. своите студии ги продолжил на Универзитетот во Загреб каде го посетувал и курсот по старословенска филологија кај професорот Владимир Мошин. Поради случувањата поврзани со Резолуцијата на Информбирото од јуни 1948 година бил принуден да се врати во Скопје каде ги продожил своите студии. Дипломирал на Филозофскиот факултет во 1951 година, а во учебната 1951/52 бил професор во гимназијата „Јосип Броз Тито“.

Во 1953 година се вработил како асистент во Институтот за национална историја. Докторирал во 1959 година на тема „Серската област (1780 – 1878 година Економски, политички и културен преглед)“. Во Институтот работел во периодот од 1953 година до 1967 година каде бил избран во сите соодветни научни звања. Во 1961/62 г. како стипендист на француската влада престојувал во Париз каде посетувал предавања на Сорбона и работел во Архивот на Министерството за надворешни работи на Франција. Од 1967 до пензионирањето во 1987 г. бил член на Извршниот совет на СРМ (1967-1969), пратеник во Соборот на народите на Собранието на СФРЈ (1969-1974), директор на Народната и универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ (1973-1978), советник во Извршниот совет на СРМ (1978-1987), претседател на Матицата на иселениците на Македонија (1987-1992) и др.

Член е на редакцијата на тритомната Историја на македонскиот народ (1969 година) и автор на втората книга, член на редакцијата и автор на кратката верзија на Историјата на македонскиот народ (1976 година) објавена и на неколку странски јазици, член на редакцијата на петтомната историја на македонскиот народ и автор на четвртиот том. За заслугите во областа на историските науки добитник е на наградите „11 Октомври“ (1968 година), „11 Октомври“ за животно дело (1988 година), „13 Ноември“ (1978 година), „Гоце Делчев“ за колетивен труд (1985 година), „Гоце Делчев“ за самостоен труд (1987 година) и на одликувања – Орден на трудот со златен венец, Орден на трудот со црвено знаме и Орден заслуги за народ со златна ѕвезда.

За редовен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 27 мај 2003 година.

Академик Иван Катарџиев МАНУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.