Американскиот рок-пејач, актер и уметник роден како Марвин Ли Адеј, а попознат под уметничкото име Мит Лоф, почина вчеравечер на 74-годишна возраст.
Како актер и „хард рок“ изведувач имаше улога во над 100 филмови, ТВ-серии, музички видеа, итн. Негови можеби најпознати улоги се оние во „Роки хорор шоуто“ (1975) и „Боречки клуб“ („Fight Club”, 1999, покрај Бред Пит и Едвардс Нортон). Како музичар има вкупно над 80 милиони продадени примероци од своите плочи.
За песната „I’d Do Anything for Love (But I Won’t Do That)“ која мина пет недели на број 1 на листите во САД во 1993 година, а се најде и на врвот во Обединетото Кралство, Мит Лоф освои и „Греми“ награда за најдобра рок-изведба.