Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина Драган Каранфиловски – Бојс

0
By Нова ТВ on May 28, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Почина пејачот и композитор Драган Каранфиловски – Бојс. Веста за неговата смрт ја соопшти неговата ќерка Верица на Фејсбук, која настапуваше во бендот XXL.

Бојс ја започна музичката кариера во 1973 година, формирајќи ја групата „Македонија“. Најголемите успеси како автор ги постигнал како член на култната битолска група „Мадригали“, подоцна преименувана во „Трн во око“.

Со овие две групи, тој ги снимил своите најпознати рок песни, а на гитаријадата во Заечар, во 1977 година, со групата „Мадригали“ ја освоил првата награда од публиката и првата награда од музичкото списание „Џубокс“.

Подоцна, Драган Каранфиловски – Бојс започнал успешна кариера како кантавтор, пишувајќи поп песни и песни за деца. Од неговите песни, најпознати се: „Опасно сум вљубен во тебе“, „Валерија“, „Лулај ме нежно“, „Парижанка“, „Весела романтика“, „Афричко лето“ и многу други детски песни отпеани на Златно Славејче и СиДо .

Исто така, тој е автор на бројни хитови кои ги пееле други пејачи, како што се: „Јануарска ноќ“, во изведба на Зафир Хаџиманов, „На минус 23“, испеана од Трајче Манев, „Искро моја“ на Игор Џамбазов, „Заведи ме“, во изведба на неговата ќерка Верица Каранфиловска итн. Тој е автор и на рефренот на песната „100% те љубам“ на групата XXL, која во 2000 година ја претставуваше Македонија на Евросонг.

Како признание на неговото долгогодишно творештво, во 2014 година, Драган Каранфиловски – Бојс ја доби наградата на манифестацијата „Златна бубамара“ за животно дело.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.