Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина двегодишно дете на Клиниката за инфективни болести

0
By Нова ТВ on August 25, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Двегодишно дете вчера починало на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Детето било донесено со болничко возило во 11:30 часот од Прилеп со тешка менингококцемија со флуминантна пурпура или сепса.

Директорка на Универзитетската клиника за инфективни болести и фербилни состојби во Скопје Милена Стевановиќ изјави дека болеста почнала неполни 24 часа пред приемот на детето, кое било на педијатриското одделение во Прилеп каде ја добило иницијалната терапија и во консултација со инфектолог било упатено на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Детето на Клиниката веднаш било однесено на интензивна нега.

„Земени се потребни микробиолошки следувања и започнат е интензивен третман, но болеста за жал заврши со смртен исход во 18 часот и 15 минути“, рече Стевановиќ, додавајќи дека станувало збор за многу тешка клиничка слика на болест предизвикана од бактеријата нисерија менингитис.

Ваква клиничка манифестација на болест, според д-р Стевановиќ, е исклучително ретка со висока смртност и покрај преземање на сите потребни тераписки мерки. Болеста почнува нагло, а симптомите се често неспецифични посебно кај деца до четиригодишна возраст, како што е и ова дете. Во наредните часови од почетокот на болеста таа прогресира во најтешка форма која, за жал, завршува со смрт.

Епидемиологот од Институтот за јавно здравје во Скопје Владимир Микиќ соопшти дека штом е поставено сомневањето за оваа болест кај детето, инфектологот од Прилеп известил епидемиолог и веднаш е излезено на терен за да се преземат сите мерки кои се предвидени со протокол за постапување во вакви случаи.

„Тоа подразбира давање профилакса на сите со кои детето имало контакт, како оние што се грижеле за него, дезинфекција на санитетското возило со кое е превезувано и на болничките простории каде што било примено. Дополнително, епидемиолозите во моментов се излезени на терен и се вршат дополнителни епидемиолошки истражувања за дезинфекција на домот каде престојувало детето“, рече Микиќ.

Се земаат и лабораториски материјали за да се види дали постојат одредени носители и да се намали ризикот од евентуални нови случаи, иако, како што рече, тоа е исклучително ретко.  Оваа болест најчесто се јавува кај поединечни случаи.

Детето живеело во странство и било на привремен престој во Македонија во изминатиот месец или месец и половина и најверојатно болеста ја добило тука.

Се работи за заразно заболување кое се пренесува со близок контакт.

бактерија Инфективна Клиника Нисерија Менингитис Смртен случај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.