Почина едно од лицата по кои сеуште се трага на Галичица. Вториот од нив е со тешки повреди и се уште чека евакуација. Како што соопшти попладнево СВР Охрид животот го загуби 40-годишниот Флоријан Џера од селото Аларут, Поградец Албанија.
Лицата паднале во провалија над селото Трпејца, а нивното спасување дополнително е отежнато од непристапноста на теренот.
Во тек е акцијата на терен за извлекување на лицата, со екипи за спасување на полицијата, противпожарна служба, Црвениот крст, Службата за итна медицинска помош и Центарот за управување со кризи.
Како што денес известуваа македонските медиуми, станува збор за државјани на Албанија за кои се верува дека не се планинари.
Нивниот повик за помош по трагедијата го слушнал човек кој пешачел на планината, по што случајот бил пријавен.
Според СВР Охрид, исчезнувањето било пријавено утрово во 09.00 часот.




