Вчера на 66. годишна возраст почина легендата на македонскиот хумор Емин Унџел, препознатлив како Селим Селими.
Вчера, по долго и тешко боледување, почина хумористот Емин Унџел. Емин целиот свој работен век го помина како тон-мајстор во Македонското радио, но 40 години го толкуваше ликот на Селим Селими во хумористичната емисија “Хихирику”, што го креираше заедно со авторот Иван Карадак.