Познатата француската модна дизајнерка Соња Рикел вчера почина во Париз на 86-годишна возраст од компликациите на Паркинсовата болест. Рикел е една од пионерите на современата мода која, препознатлива по лежерните плетива со пруги, како и по осовременување на францускиот шик и кабаре имиџ.
Нејзината модна приказна започна во 1968 година со отворањето на првиот бутик на Ри де Гренел и набрзо донесе револуција во модата.
Рикел стана авангарда на парискиот стил акцентирајќи ја индивидуалноста. антелите, штрасот, шарените пруги и плетените пуловери со текот на годините станаа силен синоним за марката Соња Рикел, поради што беше наречена „Кралица на плетките“.
Легендарната црвенокоса дизајнерка ги доби сите најголеми награди за мода и дизајн, а има објавено девет книги.