Најдобриот југословенски голман на сите времиња, Владимир Беара почина вчера на 86 години.
Југословенската и светската јавност го памети по бравурозните одбрани и го нарекуваа „човек од гума“.
Хрватите го сметаа за принципиелен и тврдоглав па по 8 години и три титули со Хајдук во Сплит, незадоволен од статусот се сели во Црвена Звезда.
Поради тоа долги години не можеше слободно да се шета по родниот Сплит бидејќи беше прогласен за предавник.
Во дресот на Звезда го достигна зенитот и освои 4 титули и два купа.
Бранеше на три Светски првенства и освои сребрен медал на ОИ во Хелсинки 1952 година.