Почина доајенот на македонскиот документарен филм, Љубе Цветановски.

Во својата кариера има снимено повеќе од 100 документарни филмови и патеписи, за многу од нив, бил наградуван на многу фестивали ширум светот.

„Добар документарен филм е оној кој личи на игран филм, а добар игран филм е оној кој личи на документарен фим“, говореше Љубе Цветановски.

Љубе Цветановски беше новинар, уредник и директор во Македонската радио телевизија, а своето искуство им го пренесуваше на младите генерации на Универзитетот за аудио визуелни уметности „Есра“.