Легендарниот македонски голман Благоја Истатов почина денеска во 71. година од животот. Погребот е закажан за утре во 14 часот на градските гробишта во Струмица, три часа претходно ќе се одржи комеморативна седница во големата сала на Центарот на култура „Антон Панов“ во Струмица, соопштија од координативното тело.
Истатов целиот свој живот го посвети на фудбалот. Негов матичен клуб е Беласица, а настапуваше и за Победа од Прилеп, белградски Партизан и Утрехт од Холандија.
Беше дел и од поранешната југословенска репрезентација.
По завршувањето на фудбалската кариерата се посвети на тренерската работа. Во еден период работеше со голманите од македонската репрезентација, а потоа се вклучи во работата на ФФМ како член на Управниот одбор.