Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина Марина Туцаковиќ врвен текстописец на екс југословенски и актуелни музички хитови

0
By Mirjana on September 20, 2021 ВЕСТИ, РЕГИОН
Photo: Express
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По долга борба со ракот на дојка, во 68 година од животот почина Марина Туцаковиќ.Нејзината состојба дополнително се влошила во изминатите денови поради зараза со коронавирусот, јавуваат српските медиуми.Таа последните денови ги поминала во клиничкиот центар „Драгиша Мишовиќ“ каде од 14-ти месецов била ставена на респиратор.

Таа својот потпис го стави на илјадници стихови кои преточени во музика прераснаа во врвни хитови од рок, поп и фолк жанровите во времето на екс југославија до денес. 

Кариерата на музички текстописец,Марина Туцаковиќ ја почнала во осумдесетите години од минатиот век, најнапред преку соработка со  групата „Зана“. Оттогаш, нејзините текстови направија многу музички ѕвезди од тогашните пејачи присутни на естрадата, меѓу кои Здравко Чолиќ, Лепа Брена, Цеца, Северина, Оливер Мандиќ, Харис Џиновиќ, Жељко Самарџиќ, како и Неда Украден.
Туцаковиќ соработуваше и со македонската музичка ѕвезда Тоше Проески , конкретно на албумот „ Ако ме погледнеш во очи“ од 2002 година.
Нејзината последна желба била да биде закопана покрај гробот на нејзиниот син Милош кој почина ненадејно во 2008 година, а не во алеата на великаните.
Нејзините пријатели зборуваа дека таа болка Туцаковиќ никогаш не можела да ја надмине.
Нејзина последна објава на Твитер е реченицата: Луѓето се такви, ќе го земат она што не им треба, само за вие да го немате она што ви треба“.

.

Марина Туцаковиќ почина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.