Published: Saturday, November 9, 2013 23:13
Почина момчето кое падна во бездна во близина на изворите кај реката Бабуна. Неговото тело вечерва е пренесено на Институтот за судска медицина.
Момчето кое наводно е од Скопје, било рекреативен планинар и заедно со група планинари од Битола се движеле кон Солунска глава.
Сеуште нема детали за инцидентот, а целата акција за негово спасување од стрмниот терен, се одвиваше со помош на хеликоптер кој требаше да го извлече од бездната.
Повеќе детали за несреќата полицијата најави за утре.




