По долго боледување вечерва во Јоханесбург почина Нелсон Мендела. Тој имаше 95 години,
Мендела е роден на 18 јули, 1918 во Мвесо, Јужна Африка. На 20 годишна возраст тој станува активен во антиапархејд движењето. Во 1942 му се придружува на Африканскиот Национален Конгрес по што станува симбол на борбата против расизмот. За неговиот активизам добива 20 годишна казан затвор. Во 1993 заедно со тогашниот претседател на Јужноафриканската република де Клерк ја добиваат Нобеловата награда за мир. Во 1994 Нелсон Мендала станува преседател на Јужноафриканста Република.