Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина невропсихијатарот професор д-р Георги Чадловски

0
By Соња Крамарска on July 11, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Универзитетската Клиника за психијатрија соопшти дека починал професор д-р Георги Чадловски, великан на полето на психијатријата и прв генерален директор на Клинички центар – Скопје, основоположник на Клиника за Психијатрија и автор на над 20 книги и учебни помагала.

Професор Георги Чадловски е роден во Скопје 1943 година, по потекло од познатиот галички регион, своето основно и средно школување го завршува во Скопје и почнува да се занимава со новинарство поради што и почнува да му се развива љубовта на пишаниот збор. Се запишува на Медицинскиот факултет во 1962 година во Скопје и напоредно со своите студии работи како новинар во Нова Македонија. Ги завршува своите медицински студии во 1967 година, за кратко потоа да ја отпочне својата  кариера во невропсихијатрија под менторство на професор Филдишевски, ја довршува својата специјализација во Париз заедно со професор Чепреганов и докторира во 1981 година, за брзо потоа да се искачи на академските скалила до редовен професор на универзитетот св. Кирил и Методиј преку неговите бројни научни и едукативни публикации и високо посетени предавања на Медицинскиот Факултет, Стоматолошкиот Факултет и Факултетот за Безбедност.

Во 1990-тите учествува во формирањето на сегашниот Клиничкиот Центар-Мајка Тереза во Скопје и на сегашната Клиника за Психијатрија поради што се наведува како основоположник на модерната психијатрија во Македонија. Од 2003 се посветува неуморно на своите пациенти продолжувајќи ја својата дејност во приватната здравствена установа Дијагностички Центар – Скопје се до последниот ден од неговиот живот.

Професор Чадловски за својата долгогодишна активна улога во психијатријата има добиено многубројни признанија, повелби, плакети и државни награди за својот научен придонес вклучувајќи ја и наградата „Гоце Делчев“ врачена како највисоко општествено признание за особено значајно остварување во сите области од науката од интерес на Република Македонија.

„Неговата ненадминлива остроумност, енергичност и пасија кон психијатријата се бележи низ целиот негов професионален живот и ќе биде вечно запаметена“, порачаа неговите колеги и соработници од Универзитетската клиника за психијатрија – Скопје. (Р.Н.)

Георги Чадловски почина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.