На 39-годишна возраст по долгогодишно и тешко боледување утрово почина новинарката Искра Ефтимова. Иако кус, нејзиниот професионален живот, како новинар од областа на културата и уметноста беше богат, а нејзниот придонес ќе остане забележан некаде низ архивите на печатените и електронските медиуми.
Ефтимова соработуваше во неделникот „Денес“ и во дневниот весник „Македонија Денес“, а најдолго како дел од забавната и културната редакција на телевизија Телма. Работеше и неколку циклуси ТВ есеи на Наша ТВ.
Болеста ја затекна додека студираше на катедрата за режија на ЕСРА универзитетот во Скопје, а дипломираше на Скопскиот универзитет на одделот за филозофија.
Младата Ефтимова соработката на неколку рекламни кампањи преку маркетинг агенцијата „Сачи и Сачи“.
Искра Ефтимова ќе биде погребана утре на градските гробишта Бутел, Скопје.




