По тешка, болест, вчера почина знаменитата новинарка од областа на културата, Катица Трајковска Абјаниќ
Таа целиот свој работен век го помина како новинар од областа на културата во Редакцијата за култура на МТВ.
Ги правеше неделните културни магазини, организираше фестивали на уметничко видео, отвори простор за дигиталната уметност.
Режисерот Срѓан Јаничиевиќ во својата проштална порака напиша:
– Не така одамна го изгубивме Хинки, еден од најзначајните наши уметници. Денес ја загубивме и неговата сестра и прекрасен човек Катица Трајковска Абјаниќ. Катица во 80-тите го правеше Културниот магазин еднаш неделно на МРТ, емисија која ги пробиваше границите на нашето познавање за уметност, особено за видео артот и новиот уметнички израз. До ден денешен, немало емисија што може и од далеку да се приближи до квалитетот на Културен магазин“, напиша Јаничиевиќ.
Погребот на Катица Трајковска Абјаниќ ќе биде извршен во понеделник во 14 часот на гробиштата во Бутел.




