Како последица на Ковид-19, денеска почина новинарот Тодор Пендаров. Тој во својата кариера долги години беше дописник за Радио Скопје од Љубљана на што беше особено горд во своите ТВ настапи и споделуваше искуства од напредната и организирана Словенија.

Пендаров беше политички аналитичар и редовно гостуваше во ТВ дебати.

Пендаров работеше и како советник за односи со јавност во Собранието уште во времето на Љубиша Ѓорѓиевски, а потоа продолжи и кај Трајко Вељановски и Талат Џафери.