Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина Снежана Османли

0
By Нова ТВ on November 5, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 5, 2013 12:38

Утрово во Скопје почина Снежана Османли, една од најзначајните политички фигури на Македонија. Беше долгогодишен шеф на кабинетот на претседателот Киро Глигоров.

Османли е и еден од основачите на успешната осигурителна компанија Еуролинк.

Таа долги години беше и личен советник и најблизок пријател на Трифун Костовски. Османли почина на 59-годишна возраст по долгата и храбра борба со тешката болест.

Снежана Османли е родена е на 6. март 1954. во Битола во семејството на Александар Станковиќ, еден од првите македонски поевоени новинари и поети.

Основното училиште го започнува на шестгодишна возраст во Битола, а го завршува во Скопје. Гимназијата “Георги Димитров” во Скопје ја завршува со врвен успех година дена пред својата генерација, вонредно полагајќи ја четвртата година.

На истиот начин ги скратила и студиите, со завиден успех дипломирајќи на Економскиот факултет во Скопје за само три години, со што станува најмладиот дипломец во вкупната историја на Факултетот, кое & обезбедува и вработување на дваесетгодишна возраст.

Оттогаш сe до крајот на животот Снежана Османли цели 39 години развива богата и успешна кариера на два професионални плана: политичкиот и деловниот.

Во турбулентните времиња пред осамостојувањето, почнувајќи од 1991 година, именувана е за советник на Претседателот на Република Македонија г. Киро Глигоров, одговорна за јавните комуникации на Претседателот, позиција на која останува се до 1997 година.

Во текот на таа посветена работа, Снежана Османли, станува активен чинител особено во доменот на меѓународната активност и контакти на Претседателот на Републиката.

Таа беше, често единствен, директен сведок и учесник на голем број историски релевантни, како домашни така и меѓународни работни, затворени и официјални средби на Шефот на државата со бројни чинители, како на европската, така и на глобалната меѓународна политика, во процесот на макотрпното затемелување на македонската државна независност и особено на меѓународниот меѓународен субјективитет. Во неколку наврати, беше специјален пратеник на Претседателот на Републиката во работни и протоколарни надворешно-политички мисии.

Во 2002 година, Снежана Османли ја прифати понудата на инвеститорот г. Трифун Костовски и е именувана за основач, потоа и за прв Извршен директор на осигурителната куќа “Еуролинк”.

Во 2004 година, поради сериозен здравствен проблем, се повлекува од извршната фунција во Осигурителната куќа и работи како менаџер во финансиската групација “Gofi GmbH”. Од тогаш до денес беше активен економски и политички советник на сопственикот на “Gofi”, г. Трифун Костовски.

Беше стожерна личност на изборните штабови на Костовски, како во парламентарните избори 1997, така и за Градоначалник на Скопје 2005. година, во кои со голем успех беше избиран на кандидираните функции.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.