Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина Стефан Хесел, таткото на “ГНЕВНИТЕ“

0
By Нова ТВ on February 27, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 27, 2013 14:17

На неполни 96 години, замина авторот на “Побунете се!“, и човекот кој инспирираше бројни бунтовнички движења низ цела Европа, “Гневните“ во Мадрид  и “Окјупај Вол Стрит“ во Америка, Тунис,… Стефан Хесел беше пред се познат по тоа што учествуваше во пишувањето на Универзалната декларација за човекови права на Обединети Нации.

Роден во 1917 година во Берлин, младиот Стефан, Евреин по потекло, заминува со своето семејство во Франција на осум годишна возраст, каде по започнувањето на втората светска војна, ќе стане еден од најактивните членови на движењата на отпор против нацистичкиот режим.

Во 1944-та, Хесел е уапсен од Гестапо и депортиран во концентрациониот логор Бухенвалд, од каде ќе успее да побегне за да им се придружи на американските трупи во ослобудавњето на Германија. Тука започнува и неговата животна борба за правда и мир.

Како дипломат во ОН, Стефан Хесел учествува во пишувањето на Универзалната декларација за човекови права, а како дипломат ќе биде испратен межу другото во Виетнам во 50-те години, и во Алжир во 60-те.

Хесел, чија лична историја е слика на хоророт на 20-от век, никогаш не престана да верува во подобри времиња и повеќе правда: “Ме води смелоста на надежта“, велеше Хесел:

“Тоа доаѓа од фактот дека живеев толку долг живот и преживеав работи кои своевремено се чинеа нерешливи: нацизмот, стаљинизмот, апартхајдот, деколонизацијата на наиште големи имеприи, но сепак успеавме. Дури и Европа ја обединивме. Кога ќе се сетам на тоа што беше Европа кога јас бев дете, изодевме долг пат. Но сеуште не сум целосно задоволен, има уште работа.“

Хесел беше присутен на сите фронтови и по пензионирањето во раните 80-ти години: градењето на Европската унија, палестинското прашање, климатските промени, илегалните мигранти… Сите тие грижи, “стариот“ бунтовник ќе ги резимира во едно книжуле кое ќе доживее планетарен успех: “Побунете се!“ – 4 милиони продадени книги, преведени на 34 јазици.

Во само 32 страници, овој манифест се осврнува на најголемите предизивици кои стојат пред новите генерации и станува директна – или индиректна – инспирација на бројни социјални движења ширум светот, кои се борат против економските и социјални нееднаквости – “Индигнадос“ во Шпанија, револуционерите во Тунис,  “Окјупај Вол Стрит“ во Њу Јорк, сите во себе го носат семето на “Побунете се!“:

“За вашата акција да биде ефикасна, треба да се организирате групно, со луѓе кои мислат како вас. Потоа треба да дешифрирате што не фунцкионира не само во вашето општество, туку и на глобално ниво –колкав е јазот помеѓу најбогатите и најсиромашните.

-Уверен сум дека ќе најдете начин тоа да го смените, како што ние за време на втората светска војна успеавме да се бориме против германската окупација.

Не беше лесно во тоа време, бевме малкумина но победивме. Можеби истото важи и за вас, можеби се уште сте малкубројни, но вредностите кои можете да ги одбраните, се вредности кои сигурен сум дека ќе победат. Бидете храбри и борете се против она што ви се чини неправедно и неприфатливо“, вака им се обрати Хесел на младите во 2011 во видео постирано на Дејли Моушн.

ПАЛЕСТИНА, ПОСЛЕДНАТА БИТКА НА ХЕСЕЛ

Вториот дел од неговиот манифест “Побунете се!“ е целосно посветен на битката што ја водеше овој Евреин по потекло до својата смрт : правата на Палестинците и ослободувањето на Палестина од израелската колонизација, битка која му донесе жолчни непријатели во Франција и пошироко.

Хесел го поддржување бојкотот на производи кои доаѓаат од израелските колонии, а теророт врз Палестинците го сметаше за пострашен од нацистичкиот режим.

Во колумна која му е посветена денеска во француската верзија на Хафингтон Пост, Мартин Хирш, поранешен директор на француското тело за борба против дискриминација, пишува:
“Пред десет години, отидовме во Израел, во Газа и Рамала, јас, тој и десеттина други луѓе, сите со еврејско потекло, на покана на израелските пацифисти од движењето “Гуш Шалом“.

Вчудоневиден бев од реакциите по ова патување, најстрашно беше кога ни рекоа дека сме биле новите антисемити, Стефан Хесел, прв меѓу сите. Стефан Хесел беше страстен милитант за мирот, и во тој дух ја водеше битката  за мир меѓу Израел и Палестина, секогаш на страна на пацифистичките милитанти од двете страни.

Реакциите кои се појавија во Франција веројатно го натераа да го радикализира својот дискурс. Можеби не требаше, но неговото заминување треба да биде прилика и за неговите критичари да му оддадат признание за неговиот хуманизам и потрагата по добрата примена на декларацијата за човекови права во толку комплексниот Блиски Исток.

– Има само еден Стефан Хесел: бунтовникот, депортираниот, дипломатот, милитантот, човекот кој цел век беше воден од едни исти вредности.“

Вечното “младо момче“ почина мирно во Париз на 95 години на 27 февруари, токму на денот кога 27-те членки на Европската Унија одлучија едногласно и официјално да ја осудат израелската колонизација во Ерусалим и ги повика членките “да обесхрабрат и да се воздржат од финасиски трансакции и странски инвестиции кои одат во полза на активностите, инфраструктирите и услугите во колониите“.

Достоен последен поздрав за вечниот борец за мир.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.