Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина Стојмен Михајловски, еден од првите девет уставни судии од независноста

0
By Нова ТВ on July 11, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По долго боледување денеска почина профeсор доктор Стојмен Михајловски, кој беше уставен судија во периодот од 1994 година до 2003 година.

Роден е во 1941 година во село Трново, Кривопаланечко. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1965 година, магистрирал во Институтот за социолошки и политичко правни истражувања во Скопје во 1973 година, докторирал на Факултетот за политички науки на Универзитетот во Сараево во 1979 година на тема „Ефикасноста на политичкото одлучување”.

Професор Михајловски беше уставен судија во периодот од 1994 до 2003 година. Во периодот од 1966 година до 1994 година беше научен советник и редовен професор на Институтот за политичко-правни истражувања во Скопје, а во два и пол мандата беше и директор на Институтот. Како редовен професор ги предаваше предметите уставно право и политички систем на постдипломските студии при Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, на Факултетот за безбедност, на Воената академија и на Факултетот за општествени науки во Скопје.

Учествувал и раководел со повеќе национални и меѓународни научно-истражувачки проекти од областа на правните и политичките науки. Автор е на голем број самостојни научни трудови од областа на избирачкото право и политичкиот систем, а објавил и повеќе од 100 статии и други прилози во домашни и странски научни и стручни списанија

Одликуван е со Орден заслуги за народ со сребрен венец и добитник е на Плакета на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Стојмен Михајловски е еден од основачите и на Социјалистичката партија на Македонија.
Стојмен Михајловски Тажна вест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025
ФОКУС

Претседателката на ЕК, Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

ВЕСТИ October 14, 2025

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера попладне во обраќањето на Инвестицискиот форум…

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

October 13, 2025

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025
ТИКЕР

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.