По долго и тешко боледување , во својот дом во Будимпешта, на 87 годишна возраст, почина писателот и добитник на Нобелова награда за литература, Имре Кертеш, соопштија од издавачката куќа „Магвето“. Кертеш е Унгарец со еврејско потекло.
Тој во 1944 година бил депортиран во логорот Аушвиц, а потоа во Бухенвалд, од каде е ослободен 1945 година. Негови објави се: „Човек без судбина“, „Иста приказна два раскази“, „Ликвидација“,„Досието на К.Кадиш за нероденото дете“, „Фијаско“ и други. За својот придонес во светската литература, истакнатиот унгарски писател ја доби Нобеловата награда во 2002 година.