Published: Friday, January 24, 2014 09:28
Почина жирафата Орка, миленик на многубројните посетители на зоолошката градина во Скопје. Оваа неофицијална информација до која дојде НОВА не беше дематирана ниту пак потврдена од директорот на зоолошката градина.
За коментар бевме упатени на лицето за однои со јавнот кое пак не беше достапно на бројот кои ни беше посочен од директорот. Причините за смртта на жирафата се непознати.
Жирафата Орка во зоолошката градина пристигна во септември 2012 кога беше одбележан и нејзиниот втор роденден. Жирафата Орка беше донација од Орка Холдинг Групацијата-Фондација Илија Камчев.




