Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Починатата родилка се лекувала во поликлиниката „Букурешт“

0
By Менче Атанасова Точи on May 18, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Никој од гинеколозите во поликлиниката Букурешт, каде што и била водена бременоста на 26 годишната родилка која почина пред два дена, не знае кој од тројцата лекари и бил матичен гинеколог. Затоа и не добивме објаснување како можеле да не забележат дека нешто се случува со младата жена, која и три дена пред смртта се жалела на тешкотии во дишењето. Во поликлиниката воопшто не беа информирани воопшто дека нивна пациентка починала.

Таа денес беше погребана во нејзиното родно Враништа. Семејството е во шок. Не можеа многу да зборуваат. Нејзината сестра за НОВА кратко изјави дека таа им јавила дека сака да и ја следат  бременоста во болницата во Чаир, но се предомислила и за матичен одбрала гинеколог во поликлиниката Букурешт.  Пред три дена и се слошило, тешко дишела, но по примената инфузија била пуштена дома. Каде се случувало тоа, семејството со сигурност не може да кажат. Нејзиниот сопруг денес по погребот не беше во состојба да зборува.

Лекарите се сомневаат напредната фаза на малигно заболување на белите дробови или анеуризма, а неофицијално и првичните анализи од обдукцијата наведуваат на карцином.

Младата жена почина пред два дена во Градската хуруршка болница „Св. Наум Охридски“, откако била донесена веднаш по породувањето со царски рез во Специјалната болница за гинекологија во Чаир.

Според директорот Башким Исмаили во болницата дошла во понеделникот во 9 и 30 часот изутрината во тешка состојба со отежнато дишење, помодрени усни по што веднаш била качена на интензивна нега каде што била реанимирана и и бил даден кислород. Но, состојбата станувала се подраматична, родилката почнала да запаѓа во кома. По еден час реанимација, докторите одлучиле да ја породат, за да го спасат бебето.

„ Младата жена дојде одненадеж  и побара помош. Беше околу 35 та недела во бременост, што значи осми, деветти месец. Не ја познаваме, бременоста не е следена тука.  Ние веднаш почнавме да ја анимираме, но состојбата стануваше критична. Во тој момент размислувавме и за бебето, затоа одлучивме да направиме царски рез барем него да го спасиме, бидејќи се губеа тоновите и кај бебето“, изјави за НОВА,Башким Исмаили директор на Специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир.

Кога виделе дека не можат да ја реанимираат, односно состојбата станувала се по критична  со возило на Итна медицинска помош, со двајца анестезиолози и гинеколог во придружба, родилката околу пладне била пренесена во Градската хуруршка болница „Св. Наум Охридски“.

„Направивме се што е во наша можност, дури повеќе од тоа. Тука се случуваше вистинска драма, цела болница помагаше, сите беа на нозе“, рече Исмаили.

НОВА, од лекарски извори во Градската хируршка болница дознава , дека младата родилка била донесена во 12 и 30 часот со раширени зеници, во многу тешка состојба. Лекарите дури не успеале да ги направат сите потребни испитувања, се обидувале да ја спасат, но едното белодробно крило воопшто не и функционирало.  Таа починала во 17 и 30, а телото веднаш било предадено на обдукција. Бебето е живо и е сместено во инкубатор на Клиниката за детски болести.

Лекарите не сакаат да шпекулираат што довело до компликации кај родилката, се додека не биде готов наодот од обдукција. Неофицијално, се претпоставува дека  станува збор за некој напреден малигнен процес или емболија на белите дробови.

Од Министерството за здравство се уште не се изјасниле за случајот.

 

гинеколози полкилиника Букрешт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.