Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна постапката за бесплатен државен „Wi-Fi“ на отворени јавни површини

0
By НОВА ТВ on September 28, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ќе се утврдуваат локации каде да има бесплатен интернет.

Владата ја разгледа и ја усвои информацијата за обезбедување бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини, како дел од Програмата за работа на Владата.

За реализација на оваа програма, од Владата соопштија дека е утврдена препорака за Јавното претпријатие Национална радиодифузија – Скопје како носител на реализацијата на проектот обезбедување на бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини на локации од интерес за туристи од страна на телекомуникациски оператори до крајот на 2021 година во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и локалните самоуправи да подготви и достави предлог Листа на локации за обезбедување бесплатен државен WiFi за цела територија на државата, за добивање согласност од Владата на Република Северна Македонија, согласно Препораките за обезбедување бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини.

– До крајот на април 2022 година, во соработка со Министерство за информатичко општество и администрација, Национална канцеларија за бродбенд компетентност и Агенцијата за електронски комуникации ќе одржат јавни состаноци со заинтересираните оператори и локалните самоуправи за реализацијата на обезбедувањето бесплатен безжичен WiFi на одобрените локации од интерес за туристите, се наведува во владиното соопштение.

На денешната седница Владата ја донесе Стратегијата за развој на информатичко-технолошките и компјутерски системи на Царинската управа за периодот 2021 – 2025, со цел координиран и навремен развој и имплементација на националните системи во рамки на Царинската управа и за нивно поврзување со системите на ЕУ, а со цел остварување на следниве стратешки цели:

  • Интерконективност и интероперабилност со ИКТ системите на ЕУ;
  • Имплементација на стандардите за интеграција со Националната платформа за интероперабилност;
  • Унапредување на ИКТ опкружувањето;
  • Примена на современи технологии и практики за имплементација на деловните побарувања;
  • Унапредување на примената на интернетот, интранетот и социјалните мрежи во царинското работење.

Исполнувањето на стратешките цели е во насока на реализација на Повеќегодишниот стратешки план на ЕУ за имплементација на е-Царина (MASP ) и усогласување со новиот Царински закон на ЕУ (Union Customs Code – UCC). Навремената реализација на активностите дефинирани во овој документ се дел од предусловите при исполнување на критериумите на Царинската управа за пристапување на Република Северна Македонија во Европската унија, соопштија од Владата.

Wi-Fi Влада интернет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.