Published: Friday, March 25, 2016 12:28
Масовен протест на судската администрација од повеќе градови од земјава, штотуку започна пред Собранието на Република Македонија. Демонстрантите со мирен марш со движат кон Министерството за правда а нивна крајна дестинација е Владата на Република Македонија.
Судската администрација бара повторно разгледување на Законот за судска служба. Да им се дадат ветените 5 проценти за целата администрација, зголемување на платите на судските службеници и враќање на работното време од 7 ипол до 15:30.
Дополнително, тие бараат да се запре идејата за државното оценување и казнување на вработените.




