Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почна самитот Бајден – Путин, без јадење и заедничка прес конференција

0
By НОВА ТВ Balaban on June 16, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Состанокот меѓу американскиот и рускиот претседател, Џо Бајден и Владимир Путин, почна денеска околу 13 часот. Вилата ,, Ла Гранж“ од 18 век со поглед на Женевското езеро и опкружена со паркови од 30 хектари, каде се одржува Самитот, е буквално забарикадирана од неколкуилјадното обезбедување од копно, вода и воздух. Поточно, за безбедноста се грижат меѓу 3.000 и 4.000 полицајци.

Во собата во која се одвиваат разговорите во вилата ,, Ла Гранж“ има голема библиотека со илјадници стари книги напишани на кинески, француски, на персиски и на турски јазик и ниту една на англиски или на руски јазик. На еден од рафтовите е и швајцарската декларација за трајна неутралност, што се цени за еден од поводите зошто, како место на средбата Бајден-Путин  е одбрана Швајцарија.

Според проценките, предвидено е првата средба на двајцата претседатели лице в лице, која се случува набрзо по изборот на Бајден, да помине без високи тонови и да трае меѓу 4 и 5 часа,  а може и повеќе.

Средбата ќе помине без јадење, односно без  богата трпеза за ручек или вечера, што обично се подготвува за личности од ваков ранг и за вакви средби. Дури и прес конференциите ќе им бидат одделни што доволно зборува за нивото на меѓусебните релации и затегнатоста што е евидентна.

Бајден е придружуван од американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, а Путин од шефот на дипломатијата, Сергеј Лавров.

 

Вила Женевско езеро јадење Ла Гранж“ самит Бајден – Путин
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.