Во присуство на ректорката Биљана Ангелова, проректорите, деканите и професорите, како и на претседателот на Националното студентско тело Александар Николовски, министерката за образование Весна Јаневска рече дека институциите се посветени на подобрување на квалитетот на домашното високо образование и креирање услови за подобар живот на младите во сопствената земја.
Посакувам да останете во својата земја и по студиите. Тука да ја изградите својата и семејната иднина. Тоа е единствениот пат што води кон просперитет на Македонија“-, ги повика студентите Јаневска.