Почна судењето за Стојанче Јовановски, сопруг на Ивана Јовановска која на 2 март се самоуби заедно со нејзината 6-годишна ќерка.
Јовановски е обвинет за кривичните дела телесна повреда, загрозување на сигурноста како и кривично дело наведување на самоубиство и помагање во самоубиство . Рочиштето го следи Михајло Видимлиски.
Стојанче Јовановски не призна едно од кривичните дела кои му се ставаат на товар, односно дека извршил наведување и помагање во самоубиство на Ивана Стојановска која на 2 март почин апо пад од балкон со малолетната ќерка во Карпош. На денешното прво рочиште на кое на Стојанче му се суди за три кривични дела, тој призна вина за две, телесна повреда и загрозување на сигурноста. Претходно обвинителката направи допрецизирање на првото кривично дело, телесна повреда, наместо продолжено како едно кривично дело.
Судијата Ивица Стефановски не го прифати признанието на вина од страна на Стојанче Јовановски за телесна повреда и загрозување на сигурноста. Јовановки претходно рече дека Мартин Саздов, со кој ја обвинувал за неверство Ивана, го присилувал и му се заканувал да ги признае двете кривични дела. Стојанче Јовановски не призна вина за делото наведување и помагање во самоубиство на Ивана Стојановска која почина по пад од балкон со нивната малолетна ќерка на 2 март во населбата Карпош.



