Од денеска официјално започнува изборната кампања за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни.

Според роковникот, таа ќе трае до 3 јуни на полноќ. Изборната кампања предвидува јавно собирање, јавни настани организирани од страна на учесниците на изборите, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, изборно медиумско и интернет претставување, дистрибуирање на печатени материјали, јавно претставување на потврдените кандидати од надлежните изборни органи и нивните програми.

Државната изборна комисија вчера потврди дека на изборите ќе има само една изборна листа, на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

ДИК претходно заради неправиности ја отфрли листата на НДМ, кои за денеска најавија прес конференција за, според нив скандалозната одлука на ДИК да ги отфрли кандидатските листи на партијата спротивно од Изборниот законик. За учество на изборите лидта поднесе и СДПМ, но набрзо ја повлече.