Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува правната разврска за „27 април“,обвинетите не чувствуваат вина

1
By Нова ТВ on August 28, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 28, 2018 09:12

Случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април минатата година, како еден од најголемите кривично правни настани за македонското судство, но воедно и како еден од најголемите политичко-правни предизвици што треба да покажат дали Македонија се реформира во правна држава, од минатата недела полека почна да навлегува во својата правна разврска, пишува МИА.

Веќе четири дена во Кривичниот суд во Скопје се слушаат изјави на обвинителството, обвинетите и нивните застапници. Сите обвинети, од кои 31 се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок  и двајца за помагање, досега се изјаснија дека не чувствуваат вина.

Прашани директно и поединечно од судијката Добрила Кацарска. дали чувствуваат вина, сите, до еден, одговорија дека немаат никаква вина. Воведни зборови претходно дадоа и адвокатите на обвинетите кои рекоа дека ваквото обвинение треба веднаш да се повлече и констатираа дека нема докази за обвинителниот акт. Бранителите тврдат дека обвенетите не сториле никакво кривично дело, а најмалку тероризам, уривање на уставниот поредок или акт на насилство. Тие посочија и дека „судот не нашол за сходно да повика рочиште за проценка на обвинителниот акт“. Адвокатите на пратениците рекоа дека тие се товарат за тероризам врз основа на искажани зборови.

Судскиот процес почна со воведен говор на обвинителката Вилма Рускоска, која истакна дека ОЈО обезбедило докази со кои ќе ги потврди наводите за стореното кривично дело. Според неа, нападите во Собранието ќе останат длабоко врежани во историјата на Македонија.

-Напаѓачите, кои се на обвинителна клупа, преку доказите ќе се види дека биле предводени од Александар Василевски-Нинџа и Никола Митровски-Кољо. Полицајците, пак, се поставиле на нивна страна. Пратениците кои ги отворија вратите, биле свесни дека напаѓачите ќе направат хаос, со што ги погазија уставните начела и принципи. Групата „За заедничка Македонија“, пак, имала задача со потпалувачки говори да ја повикаат масата кон Собранието, истакна Рускоска во нејзоното излагање.

Три од четирите рочишта, кои Кацарска ги води под целосна контрола, траеа по шест-седум часа, освен вчерашното кое, изненадувачки за присутните во судската сала, беше прекинато по само еден час од расправата и презакажано за 31 август.

На продолжението, в петок, предвидено е да се сослушаат сведоците Дамјан Манчевски, Фросина Ременски, Павле Богоевски и Илија Николовски, предложени од обвинителството

На обвинителната клупа се пратеници, поранешни функционери, јавни личности, полицајци, уметници……

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.