Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува реализацијата на најголемата инвестиција во преносната електроенергетска мрежа

0
By НОВА ТВ on August 29, 2021 ЕКОНОМИЈА, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 29, 2021 12:52

Најголема инвестиција во македонската преносна електроенергетска мрежа, вредна 50 милиони евра, која е од огромно регионално значење, вака премиерот Зоран Заев ја најави изградбата на трансформаторската станица Охрид која со влез и излез ќе биде поврзана на новиот 400 киловолтен интерконективен далекувод Битола, Северна Македонија и Елбасан, Албанија.

Проектот се очекува да биде завршен во 2023 година, а опфаќа изградба на 400-киловолтниот далновод Битола (Северна Македонија) – Елбасан (Албанија) во должина од 97,4 километри, изградба на 400/110 киловолтна трансформаторска станица и изградба на 400-киловолтно далекуводно поле во трансформаторсата станица Битола 2.

Со оваа капитална инвестиција, рече Заев, испраќаме порака до сите сегашни и идни домашни и странски инвеститори дека се создадени услови за сигурен и доверлив пренос на електрична енергија.

Премиерот Заев истакна и дека оваа инвестиција е од огромна важност за градење поразвиена и постабилна енергетска инфраструктура во земјава и во регионот.

-Со поставување на камен-темелникот на овој капитален објект почнува реализацијата на 400-киловолтниот далновод Битола (Северна Македонија) – Елбасан (Албанија), како дел од Коридорот 8. Со оваа инвестиција, во полна функција ќе биде ставен електроенергетскиот коридор исток – запад што значи транзит на струја од Бугарија, преку Северна Македонија и Албанија до Италија, нагласи Заев.

Тој потсети дека земјава има пет интерконекции на 400 киловолтно напонско ниво – две врски со Грција и по една со Србија, Косово и Бугарија.

 

-Со поврзувањето на електропреносните системи на  Северна Македонија и Албанија, го заокружуваме процесот на поврзување на нашата земја со електропреносните системи на сите соседни земји. Нашата држава има клучна улога во регионалното енергетско поврзување и оттука оваа инвестиција е од огромно значење како за нас така и за целиот регион, напомена премиерот.

Владата, дополни, инвестира во современи и трајни добра кои се од голема важност за стабилен и за долгорочен економски развој.

-Градиме добрососедски односи и се поврзуваме се со една цел нови инвестиции, вработувања, повисок стансард, а со тоа и за севкупен економски просперитет, истакна Заев.

Покрај премиерот Заев, на настанот се и министрите за транспорт и врски и за економија, Благој Бочварски и Крешник Бектеши, заменик-министерот за енергија и индустрија на Албанија Илир Бејта, генералниот директор на Електропреносниот систем оператор на Албанија, Скерди Дренова, како и генералниот директор на АД МЕПСО, Куштрим Рамадани.

-Изградбата на далеководот ќе придонесе во поврзувањето и регионалното интегрирање на енергетските пазари, ќе ја подобри сигурноста во снабдувањето со електрична енергија и ќе биде новиот автопат за пренос на електрична енергија што ќе овозможи пристап на сите економски оператори до енергнси и конкурентност на цени, истакна Бектеши.

Според него, важноста и потребата за регионалната соработка се дел и од приоритетите во Стратегијата за енергетика која дефинира конкретни мерки и проекти од аспект на прекуграничното поврзување.

-Преку зголемување на регионалната соработка на полето на енергетиката, гледаме голема можност и потенцијал за креирање на одржлива и развојна економија. Реализација на проекти за интерконекција на енергенсите со останатите земји се наш приоритет. Покрај изградбата на далноводите за енергетско поврзување, значајни се и проектите за гасно поврзување со земјите од регионот, што на крај бенефит ќе имаат сите граѓани со пониски и поконкурентни цени на енергеси, подвлече министерот.

Според министерот Бочварски, со овој проект се обезбедува квалитетно и непрекинато снабдување со електрична енергија на стопанството, се надминуваат проблемите и се подобрува мрежата во југозападниот дел од државата.

-Денеска ги отвораме вратите за енергетското поврзување Исток-Запад којa е наша голема стратешка цел. Со овој проект ќе го заокружиме електроенергетското поврзување со сите наши соседи. Ова ќе ни овозможи не само поголема сигурност, стабилност и доверливост на нашиот електроенергетски систем, туку и вклучување во сите регионални иницијативи за размена на енергија како и учество на пазарите на балансните и системски услуги со единствена цел обединување и интегрирање на заедничкиот Европски пазар на електрична енергија, кој за нас значи зголемена конкурентност и економски бенефит за сите граѓани, рече Рамадани.

Тој најави голем раст на производството од обновливите извори на енергија.

-Ова инвестиција со вкупна вредност 50 милиони евра, која е финансирана со грант од 12 милиони на WBIF, 37 милиони кредит од ЕБОР и сопствени средства на Мепсо, опфаќа неколку компоненти, меѓу кои најзначајни се 400 kV-ниот далекувод ТС Битола 2 – албанска граница и оваа Трафостаница што денес ја започнуваме. Трафостаницата има 400 киловолтен влез и излез, и три 110 киловолтен излез кон Охрид, Струга и Ресен. Договорот е потпишан во јануари 2020 година со Хрватската компанија Кончар, избрана на меѓународен тендер, и е предвиден да трае до април 2023 година. И покрај тешките услови предизвикани од пандемијата, ние успеавме со само неколку недели задоцнување да го започнеме овој голем проект и цврсто сме убедени дека ќе го завршиме во предвидениот рок, истакна директорот.

Според него, МЕПСО работи и на многу други проекти за модернизирање и рехабилитација на трафостаници, далекуводи, релејна заштита, паметни мрежи, во вредност од околу 40 милиони евра.

На церемонијата по повод поставувањето на камен-темелникот, се обратија и претставници на делегација на ЕУ, како и на Европската банка за обнова и развој.

далновод Зоран Заев МЕПСО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 28, 2026Updated:January 28, 2026

Работниците до владата на Мицкоски: Нашата борба продолжува!

ВЕСТИ January 28, 2026

Работниците побараа до крајот на идната недела пратениците да изгласаат зголемување на минималната плата. Пред…

ССМ протест – Пешевски: Генерален штрајк во приватен сектор за првпат во историја на Македонија! Не сме роботи, храниме фамилии!

January 28, 2026

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

January 28, 2026

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати

January 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.