Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува втората недела од судењето на полицаецот кој го уби Џорџ Флојд

0
By Нова ТВ on April 5, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 25ти мај, 2020, белиот полицаец Дерек Шовин од Минеаполис, Минесота (САД), го уби афро-американецот Џорџ Флојд клечејќи на неговиот врат 9 минути и 29 секунди додека Флојд беше притиснат на земјата. Скоро една година подоцна почна кривично судење против Шовин кој е обвинет за убиство од втор степен.

Убиството на Флојд кое беше снимено од страна на случаен минувач беше клучно за вниманието кое го доби овој случај на полициска бруталност: ова крајно вознемирувачко видео го предизвика бранот на анти-расистички #BlackLivesMatter протести во САД и на глобално ниво. Преку масовните протести, #BlackLivesMatter активистите посочија кон системскиот расизам на американската полиција, американскиот судски ситем, како и ред други проблеми поврзани со расизмот и полициската бруталност врз различни малцинства.

На денот на убиството, полицијата била викната бидејќи Флојд наводно пробал да плати во продавницата Cup Foods со фалсификувана банкнота од само 20 долари по што дошле Дерек Шовин и уште тројца полицајци – нешто што многумина го сметаат веќе за диспропорционална реакција на полицијата. Тројцата полицајци кои биле присутни за време на убиството на Флојд се моментално обвинети за помагање на убиство од втор степен и чекаат посебно кривично судење за нив.

Претходната недела обвинителството го покажа убиството на Флојд од различни агли преку повеќе видеа кои се користат како доказ против Шовин. Обвинителството исто така повика повеќе различни сведоци кои биле присутни за време на убиството за да покаже каква траума овој настан им создал на тие што го виделе. На пример, Дарнела Фрејзер, која била случаен минувач, раскажува низ солзи за како слушнала дека Флојд кажал дека не може да дише и вели дека „тој плачеше по мајка му, тој чувствуваше голема болка. Изгледаше како да знаеше дека ќе умре“. Братучедката на Фрејзер, која имала само 9 години кога се случил инцидентот, исто така го видела убиството и даде исказ за судењето.

Тимот во одбраната на Шовин, пак, тврди дека „се работи за повеќе од 9 минути и 29 секунди“. Одбраната тврди дека коленото на Шовин не било баш врз вратот на Флојд и дека смртта на Флојд можеби била предизвиканата од дрога. Обвинителство тврди дека без разлика што Флојд имал зависен на опиоиди, тој не би можел да умре од предозирање во оваа ситуација.

„Верувајте им на вашите очи, дека тоа е убиство,“ кажи обвинителот Џери Блеквел, обраќајќи се на поротата.

„Додека одбраната пробува да создаде слика за Џорџ како некаков полуден човек кој користел дрога, тој не изгледа така. Тој изгледа како нормален човек кој, како многу од нас, му е страв од полицијата. Како да не ти е страв? Овие полицајци убија луѓе – полицијата има убиено илјадници луѓе, и тоа не само афро-американци,“ кажа уредникот за најстариот весник во сопственост на афро-американци во Минесота, Мел Ривс за Democracy Now! „Тоа е политичко. На системот на полициско работење му се суди.“

Ова историско судење продолжува следна недела и се очекува да трае уште неколку седмици.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.