Цената на гасот во берзанските тргувања во Европа денеска падна под 1.000 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на берзата ИЦЕ.
Цената на декемвриските фјучерси на ТТФ јазолот во Холандија падна на 993 долари за 1.000 кубни метри гас, односно на 85 евра за мегават/час, врз основа на моментниот однос евро/долар.
Вкупниот пад на цената на гасот во Европа на берзата ИЦЕ изнесува 2,4 отсто од почетокот на денот.