Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поддршка од Европската конфедерација на синдикатите за образование за штрајкот на просветните работници

0
By Biljana on April 6, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

СОНК ја информирал Европската конфедерација на синдикатите за образование за претстојниот штрајк.

Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков денеска имал работна средба со Сузан Флокен, претседателка на Европската конфедерација на синдикатите за образование, на која ја информиал за причините и подготовката за организирање на штрајкот во градинките, основното и средното образование најавен за понеделник.

„Г-ѓа Флокен дава силна поддршка на СОНК и верува во издржаните барања до конечен успех. Подвлече дека будно ќе ги следат случувањата и извештаите од штрајкот на СОНК особено ако има обиди за попречување на правото на штрајк, што е регулирано со меѓународните конвенции и препораките на Меѓународната организација на трудот“, објави Неделков на Фејсбук.

Генералниот штрајк во училиштата и градинките СОНК ќе го организира од 11 април бидејќи не е исполнето нивното барање за зголемување на платите во дејностите образование и детска заштита.

СОНК бара зголемување на платите за 18,4 проценти односно нивно усогласување со миниманата плата која од овој месец се зголемува од 15.200 на 18.000 денари и дополнително минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефицинетите на сложеност на работни места.

Преговори меѓу СОНК и Владата имаше минатиот вторник и овој понеделник но завршија без договор.

Неделков по завчерашната средба, која се одржа во Министетството за финансии, изјави дека нема краткорочно решение со кое, како што рече, „сега и веднаш ќе се зголемат платите на дејностите што ги застапува Синдикатот“.

„За жал никаков процент, никакви бројки не беа изнесени на маса и морам да кажам дека излегуваме разочарани што нема што да пренесеме во јавноста и до членството. Очигледно, несериозно се сфаќа дека ќе има генерален штрајк на 11 април, кој може да има многу сериозни последици за сите“, изјави Неделков по средбата во понеделникот.

(Извор: МИА)

СОНК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.