Со своите импресивни 220 метри должина, новата јахта чие име е „Сомнио“, што на латински значи сонувам, треба да е најголемата воопшто. Како готов производ се очекува во 2024 година и дело е на компаниите „Винч Дизајн“ и „Тилберг Дизајн“ од Шведска, иако јахтата ја изработува норвешкиот дизајнер и градител на бродови „Вард“ по цена од околу 600 милиони долари.
Гигантското пловило на шест спратови ќе има 39 апартмани, ресторани, барови и клубови на бродската плажа. Постапката за купување апартман е само по препорака, а цените почнуваат со цена над 11 милиони долари.
Портпаролот на проектот за „Си-Ен-Ен травел“ потврдил дека некои веќе биле купени, идентитетот на сопствениците ќе се држел во тајност, а апартманите со седум ѕвезди, ќе имале и простор обработен по сопствена желба на сопственикот.
Секој од 39-те апартмани ќе има пристап до теретана и библиотека. Има многу затворени, но и отворени простории наменети за прошетка.