Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против Бекир Асани, претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир, за насилство врз Тодор Петров. освен за Асани за истото кривично дело опфатени се уште две лица.
Според обвинeнието, претседателот на Светскиот македонски конгрес, бил претепан на 27 февруари во ресторан во близина на Скопски саем. Петров беше физички нападнат веднаш по осветувањето на 55 метарски крст во скопската населба Бутел и заврши со потрес на мозокот и повеќе повреди на телото.
Тодор Петров беше еден од иницијаторите и донаторите за поставување на крстот во општината Бутел.
Во меѓувреме градоначаникот на Струга, Зијадин Села, поднесе иницијатива до Уставниот суд и ја оспорува одлуката на локалната власт за поставување на крстот, бидејќи не била донесена по Бадентер.
Уставниот суд два пати ја одложува расправата за оваа иницијатива.