Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поднесено обвинение за Стевчо Јакимовски

0
By Нова ТВ on October 31, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против 11 лица, мешу кои и екс градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски кој е првообвинет и се товари за повеќе кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување и едно кривично дело Бесправно градење.

Едно лице е обвинето дека сторило кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, седуммина за кривично дело Несовесно работење во служба и две лица за кривично дело Бесправно градење. 

За што се гони Стевчо Јакимовски

Обвинението е за незаконска легализација на поранешните објекти на овој плац,  а потоа и на земјиштето кај поранешниот ресторан „Имес“.

Што содржи обвиненителниот акт

–Првообвинетиот, во периодот од 2011-2017 година, како службено лице – Градоначалник, во повеќе наврати ја злоупотребил службената положба и овластување во постапки за јавна набавка и во постапка за легализација на времени објекти од деловен карактер и приватизација на градежно земјиште сопственост на РС Македонија. Тој, во текот на 2012 година при спроведување на постапка за јавна набавка склучил и потпишал договор со правно лице, иако знаел дека правното лице нема доставена банкарска гаранција за квалитетно, а со тоа и навремено извршување на договорот. Тој, дозволил изведувачот да започне со изведување на активностите од договорот. По еден месец, заради неквалитетно изведување на работите, го раскинал договорот со изведувачот, со што овозможил правното лице да се стекне со имотна корист на штета на буџетот на општината во износ од 303.295,оо денари, односно 5% од вредноста на Договорот за јавна набавка. Во периодот од 2012-2013 година во постапка за јавна набавка, првообвинетиот причинил штета на буџетот на општината во износ од 14.609.653,63 денари. Откако јавната набавка била спроведена и бил склучен договорот, првообвинетиот давал усни инструкции на изведувачот за изведување на дополнителни работи, со што вкупната вредност на работите за изведување надминала 100% од вредноста на основниот договор.

Во истиот период, првообвинетиот како градоначалник, во име и за сметка на правното лице – општината, во својство на инвеститор спротивно на чл.56 и 57 ст.2 и чл.63 од Законот за градење, без Одобрение за градење, изградил деловен административен објект на локалната самоуправа со што сторил кривично дело Бесправно градење. За објектот во 2016 година поднел Барање за утврдување на правен статус на бесправни објекти од локално значење.

Во периодот од 2011-2017 година, првообвинетиот заедно со раководен државен службеник во општината, ја искористиле својата службена положба и овластување постапувајќи во предмети оформени по поднесените Барања за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект. Тие, иако знаеле и биле должни да знаат, дека објектите за кои се поднесени барањата се објекти што не смеат да бидат предмет на постапка за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, ги потпишале Урбанистичките согласности и дале согласност за вклопување на предметните времени објекти за деловна намена во урбанистичко планската документација. Со потпишаните Решенија за утврдување на правен статус на времените објекти за деловна намена како да се бесправно изградени објекти, овозможиле три правни и едно физичко лице да се стекнат со право на сопственост на објектите и ексклузивно право на откуп на земјиштето под објектите сопственост на Р.С. Македонија. Првообвинетиот и раководниот државен службеник во општината, со искористување на службената положба и овластување, знаејќи дека постапката за легализација на времените објекти со деловна намена е спроведена спротивно на законските прописи, овозможиле на две правни лица со непосредна спогодба да се стекнат со материјална и имотна корист во вид на градежно земјиште под објект за цена од 438,оо денари по м2, иако според Ценовникот за утврдување пазарна вредност на градежно земјиште и макролокација на Зони во Град Скопје изнесува 18.000,оо денари за м2. Со преземените дејствија обвинетите го оштетиле Буџетот на Р.С.Македонија во износ од 31.410.000,оо денари. Во текот на истрагата е утврдено дека едно од двете правни лица земјиште со површина од 1533 м2 купено за 671.454,00 денари, по само дваесеттина дена го отуѓило за 40.528.500,00 денари, се вели во обвинението.

Второобвинетиот се гони за несовесно работење во служба. Тој, според Обвинителството, иако знаел дека правното лице не доставило банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот, наместо да предложи активирање и наплата на банкарската гаранција на понуда во износ од 181.977,оо денари (3% од вредноста на понудата)во корист на буџетот на општината и да објави негативна референца за понудувачот, го проследил Договорот за јавна набавка на понатамошно постапување.

-Во текот на 2016 година тројца од обвинетите во својство на членови на Комисија за јавна набавка, при спроведување на постапката за јавна набавка сториле кривично дело несовесно работење во служба. Пред да пристапат кон евалуацијата на понудите при проверка на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачите, прифатиле некомплетна понуда на правно лице и овозможиле правното лице да учествува во постапката и да биде избрано како најповолен понудувач. Со ваквите дејствија овозможиле правното лице да се стекне со имотна корист во вкупен износ од 2.845.234,оо денари, на штета на буџетот на општината.

Двете лица обвинети за Бесправна градба според ОЈО го сториле кривичното дело со тоа што едниот обвинет како одговорното лице во правното лице – изведувач, започнал со изведување градба и изградил деловен – административен објект на локалната самоуправа без Одобрение за градење на инвеститорот. Другиот обвинет, како надзор, во име и за сметка на правното лице, спротивно на чл.36 ст.1 алинеа 1 од Законот за градење, без Одобрение за градење на инвеститорот, вршел надзор на градбата.

Три лица, вработени во општината, се обвинети дека несовесно вршејќи ги своите овластувања и должности, со пропуштање на должен надзор при постапување по поднесени Барања за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти постапиле спротивно на чл.2 од Законот за постапување со бесправно изградени објекти и изготвиле и потпишале урбанистички согласности и решенија за легализација на бесправно изградени објекти од времен карактер за деловни намени поставени на градежно неизградено државно земјиште.

На 19 март годинава, Одделот за сузбивање криминал и корупција при МВР до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Јакимовски и останатите, за што му беше одреден куќен притвор.

На 16 септември Јакимовски беше ослободен од куќен притвор и му беа одредени мерки на претпазливост

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

October 17, 2025

Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

October 17, 2025

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025
ФОКУС

ЦИВИЛ со нова акција: Прес центар и нтензивна комуникација со јавноста в недела за време на претстојниот изборен ден

ВЕСТИ October 17, 2025

На 19. октомври, со почеток во 7 часот наутро, ЦИВИЛ ќе го отвори прес центарот…

Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кандидатите уште денеска имаат можност да се претстават пред граѓаните

October 17, 2025

Трамп: Во моментов разговарам со Путин

October 16, 2025

Закажано првото рочиште за трагедијата во Кочани – судскиот маратон почнува на 19. ноемнври

October 16, 2025
ТИКЕР

Најмалку три лица загинаа при експлозија во станбена зграда во Букурешт

October 17, 2025

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

October 17, 2025

Рама до „Самоопределување“ на Курти: Посакувате Тачи засекогаш да остане во Хаг

October 17, 2025

Мерц: Без реформи Европа ќе стане пиун на Азија и САД

October 16, 2025

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.