Подржувачи на опозициониот кандидат за градоначалник на Москва, Алексеј Навални, се собраа денеска на протест со барање за ново пребројување на гласовите од вчерашните избори.
Властите веќе го прогласија про-владиниот кандидат Сергеј Собјанин за победник на изборите за градоначалник на Москва, но приврзаниците на Навални тврдат дека треба да има и втор круг. Властите ги особрија денешните протести во Москва, кои се одржуваат под силно полициско обезбедување.
Навални е обвинет за проневера со дрвени градби во вредност од половина милион долари во фирмата „КировЛес“ додека во 2009 година работел како советник на Никита Белих, гувернерот на областа Киров.
Судијата ја прочитал пресудата која била идентична на барањето на државниот обвинител, со измена наместо бараните шест, Навални да добие пет години затвор. Само еден ден подоцна, на 19 јули, пуштен е на слобода до завршувањето на второстепената постапка.