https://www.youtube.com/watch?v=g8j0YFzmqWc
Американецот Лук Аикинс, 42-годишен, направи подвиг со кој влезе во историјата, пуштајќи се од авион на висина од 7,6 км без падобран и безбедно слета врз поставена мрежа развивајќи брзина од 200 км на час.
Пред подвигот му било кажано дека мора да носи падобран, дури и ако не планира да го отвори, но неколку минути пред самиот скок ограничувањето било тргнато и тој се ослободил од него.
За овој скок се подготвувал 2 години. За време на падот, Аикинс е придружуван од уште тројца падобрани поради безбедносни причини.
Настанот во живо го следела неговата сопруга и нивниот 4-годишен син роднини и пријатели.