Подземни води се појавија на градежната парцела спроти хотелот Бристол во Скопје, каде од неодамна започнаа изградбата на административна зграда, катна гаража и објект на ЕЛЕМ.
Водата извира од бетонско окно за лифт, а изведувашите веќе два дена безуспешно се обидуваат со пумпи да ја исцрпат водата. Дополнителни проблеми предизвикуваат и обилните дождови.
НОВА пред неполни два месеци објави снимки од револтираните граѓани кои се обидоа властите да ги спречат при сечењето на дрвата и кои се спротивставија на уништувањето на зелените површини во центарот на Скопје. Ескалацијата беше спречена со итеревенција на полицијата.