Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пофалба на мудроста: Автомобилските авантури на Силвана Бонева

0
By Биљана Секуловска on January 31, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 31, 2015 11:33

Силвана Бонева, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, која особено стана славна минатата година откако и беа пронајдени станови на децата кои не биле пријавени во Анти-корупциска (таа тогаш велеше: немам обврска за отчет за сопственост на децата), деновиве го достигнува зенитот на славата.

За тоа беше потребно само едно- да се срушат рекорди во користење на патни трошоци од Собранието, пари кои инаку се добиени од народот, во име исклучиво- на народното добро.
Се работи за сума од 20 и нешто илјади евра, а порталот Инбокс 7 пишува дека според формулата и пресметките станува збор за потрошени пари од една година, 2014.

Силвана Бонева демантира и вели дека се работи за две години- 2013 и 2014. “Надоместокот е за гориво и амортизација и согласно законот истиот го зеле сите пратеници од партиите на опозицијата и мнозинството, а не само еден пратеник. Таков надоместок за амортизација и гориво се пресметува на сите вработени во администрацијата и функционерите скоро 25 години”, напиша Бонева на Фејсбук. Во ред.

Да претпоставиме дека нивните патувања биле неопходни сите овие 25 години. Да претпоставиме исто така, дека последниве 8 години се работи за најсјајните политички умови во државава, без никакви исклучоци, на кои им биле потребни чести патувања до родните градови во државава. Прашувате зошто е потребно да се спомене сјајниот ум на неколкуте пратенички гарнитури на ВМРО-ДПМНЕ? Клучот е во 25 години.

Внимавајте, во нивни раце се сите механизми на промена на законите. Особено последнава година, кога опозицијата го бојкотира Собранието и токму сега, без големи потреси (меѓу кои спаѓа и физичко исфрлање на опозицијата и новинарите од Собранието) е возможно да се менуваат, ревидираат, преиспитуваат и носат закони, чија цел е – народно добро. Мантрата на оваа власт.

Наспроти тоа, Бонева се повикува на 25 години применување на исти закони со кои се овозможува пратениците во еден вид хипнотичко блаженство бескруполозно да се расфрлаат со народните пари и во ниту еден момент во веселбата да не се загрижат за еден едноставен факт, за едно прашање. Да си постават самите прашање- зошто не постои никаква граница во ова нивно изживување со народните пари?

Никој не бара од нив да се прашале некогаш, помеѓу безброј развозувања и амортизации, зошто не функционира никаков контролен механизам преку кој би се преиспитувале, но и би ги испитувале, пред да дојде она проклето време, кога историјата тоа ќе го стори. Како вели Едмунд Берк: “Подобро е да бидеме презрени поради премногу стравови, отколку да бидеме уништени поради претерана доверба во сопствената сигурност.”

На пример, сумата која Бонева ја потрошила можела да биде искористена за плаќање на слична сума на долг во ОН, заради што сме на списокот на земји исклучени од можност за гласање во Генералното собрание. Се наоѓаме во друштво на Руанда, Тонго, Сомалија и некоја си земја Вануату. Не е ли тоа доволно за пофалба на мудроста на оние сјајни умови на власта за кои говоревме?

Се разбира дека Бонева не можела да се сети на ваква опција. Затоа што, претпоставувам, дека немала поим дека сме на списокот на столб на срамот. Од каде и би знаела? Веројатно нејзините сопартијци говорат исклучиво на една тема- колку чини бензинот, додека траат бескрајните турнеи низ Македонија. За да имаат изградено цврст и непоколеблив став за една сочна интелектуална дебата со колегите од Руанда, Тонго, Сомалија и Вануату. Тогаш, кога ќе се исцрпат сите филозофски ламентирања за тоа кои се и зошто се воопшто.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.