Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поглаварите на верските заедници повикуваат на мирни избори

0
By Нова ТВ on April 3, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 3, 2014 11:48

Поглаварите на верските заедници во земјава со соопштение ги повикаа граѓаните на претстојните избори слободно да излезат и да дадат свој придонес во изборот на идниот претседател на државата и идниот владин состав, а со тоа и да си го искористат своето право загарантирано со Уставот.

Во соопштението потпишано од поглаварите на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, на Исламската верска заедница, на Католичката црква, Евангелско-методистичката црква и Еврејската верска заедница, се наведува дека сите имаме одговорност за иднината и просперитетот на државата.

„Да потврдиме дека сме земја и луѓе со демократски и државотворен капацитет, со меѓународни принципи, но пред сè следбеници на вистински религиозни и духовни вредности. Слободата на изборот е основно човеково право, кое не е само придобивка на современото демократско општество, туку е фундаментален дел и од учењето на секоја религија“, се вели во соопштението.

Поглаварите на верските заедници посочуваат дека слободата во изборот, што е цел на волјата на сите граѓани и на нивното убедување или, пак, моментно расположение, мора да биде разумна, да биде достоинствена, пред се во согласност со позитивните законски прописи на општеството, односно државата во која живеат и, секако, во согласност со основниот природен морален кодекс со кои сите се создадени од Бога.

„Ниедна религија во светот не повикува, не проповеда човекот да излезе од рамките на својата егзистенцијална матрица, односно од својот идентитет на добро, разумно и културно битие“, стои во заедничкото соопштение на поглаварите на верските заедници во Република Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.