Аки Рахимовски денеска беше испратен во вечното почивалиште на гробиштата Мирогој во Загреб од членови на семејството и бројни колеги и пријатели.

Во моментот на спуштање на ковчегот во земја, се исклучија камерите и се пушти нумерата Sailing од Род Стјуарт што Рахимовски со задоволство ја слушал и често говорел за неа.

Ковчегот прекриен со македонското знаме до гробот го испратија членовите на групата „Парни ваљак“, децата на Аки Рахимовски, членови на семејството и бројни музички колеги и пријатели.

Рахимовски беше испратен со неколку посебни песни, а прво од нив беше „За малку нежности“ што ја сними со „Парни ваљак“ во 2016 година.

Потоа на испраќањето се слушна и македонската песна „Зошто си ме мајко родила“, а по неа и My way од Френк Синатра.