Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Погребниот венец за Борјан

0
By Биљана Секуловска on April 25, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 25, 2015 11:14

Малку е еден погребен венец за мојот колега Борјан Јовановски, кој оваа недела му беше испратен на домашната адреса и врачен на неговата сопруга. Венецот, како што кажа испраќачот, е последен поздрав од Тодор Александров, славниот Александров, кому атентатите му беа тесна специјалност.

Но, малку е еден венец. Еден погребен венец е како ниеден. Затоа што тој куршум го промаши, затоа што не го замолчи.

Испраќајте уште венци на сите мои слободоумни соборци. Праќајте венци за секој изговорен збор, слог, буква. Венец за секој обид да се информира јавноста. Венец за слободната мисла. Венец за овој кутар, исплашен народ, изгубен во незнаење и понизност. Венец за секој обид да се отфрли принципот на покорност кон господарите, да се послужам со зборовите на Џон Стјуарт Мил, кој додава: “Таа понизност раѓа автентични чувства на омраза”.

Давајте венци ваму. Распоредете ги венците како војска, како ваша одбрана, како ваша артилерија. Водете ја погребната поворка со крената глава, расфрлете ги телата, труповите на замолчените, за да не предупредите, за да не потсетите. Вашиот ум е затворен за критика, за сомнежи и преиспитувања, за поинакви соништа од нашите, но немојте да се снебивате, продолжете да ни ги доделувате венците за да ни го прецвикате вратот со нив. Навикнавме низ годиниве да чекориме, да дишеме, да пишуваме со вашите венци проткаени со бодликави жици. Зошто мислите дека сега би се поколебале?

Не има многу повеќе од она што може да испорача индустријата за погребни венци? Немојте да се плашите од тоа. Ќе ви ги исплетеме ние венците, ќе ви ги потпишеме и ќе си ги пратиме на адресите, ако е тоа единственото што ви остана пред да се збогуваме.

Она што досега не сфативте е едно- дека со венците околу вратот ќе продолжиме да мислиме, да пишуваме и да ни ги ампутирате еден по еден прстите и да ни ја одземете сета бела хартија на овој свет.

Дозволете ми уште еднаш да ве потсетам на Мил: “Цената на интелектуално смирување е жртвување на сета смелост на човечкиот дух”. Затоа, затрупајте не со венци, од венците направете симбол на оваа земја, обележете ги со нив државните граници, венците нека ви станат химна и државно знаме, нека бидат новото име на оваа земја, обесете не со нив на дрвјата кои останаа во овој тажен, безволен град, и- гледајте само: како сепак ништо од тоа што мора да се знае, нема да исчезне.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.