Твитер профилот на министерот за здравство д-р Венко Филипче, утрово беше ставен на рестрикција од страна „Твитер“, од причина што ненамерно при логирање беше внесен погрешен код за верификација, информираат од Министерството.

-Оваа активност за социјалниот медиум беше причина истиот да го ограничи, се работи на надминување на проблемот, уверуваат од МЗ.

Денеска привремено беше блокиран официјалниот профил на министерот за здравство поради, како што се наведува, „забележана необична активност од овој профил“.

Сепак, се уште може да се пристапи на профилот на Филипче, но само откако ќе се прочита предупредувањето објавено од социјалната мрежа.