Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Погрешно толкување на историјата“ влезе во последната нацрт-верзија

0
By Нова ТВ on December 16, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Битката околу реченицата за „погрешно толкување на историјата“ на која инсистира Бугарија во заклучоците за Северна Македонија, сепак, се најде во последната нацрт-верзија, но не како што барала Софија, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Освен блокадата за усвојувањето на преговарачка рамка, Бугарија бара веќе неколку недели во крајните заклучоци за Северна Македонија да стои реченица поврзана за „погрешното толкување на историјата“.

Германското претседателство досега не попушташе за ова барање, но според последниот нацрт на текстот до кој дојде МИА и кој им е поднесен вчера на амбасадорите на земјите членки на ЕУ, оваа реченица се појавува, но не во пасусот посветен на Северна Македонија.

Поточно реченицата е додадена во преамбулата на нацрт-заклучоците за целиот регион, но сепак е директно поврзана за Северна Македонија. Ова се чини е последниот компромис кој е можен засега, доколку Бугарија се согласи. Северна Македонија нема право на глас.

Конкретно, параграфот осум од нацрт-заклучоците, кои ќе се дискутираат попладнево на амбасадорско ниво, се занимава со регионалното помирување, наследството од југословенските војни и Хашкиот трибунал.

На крајот на параграфот се додава: – Советот нагласува дека во ЕУ нема место за распалувачка реторика и глорификација на воените злосторници од која било страна. Изјавите кои негативно влијаат на добрососедските односи и мирното решавање на споровите мора да се избегнуваат. Советот потсетува на Преспанскиот договор помеѓу Република Северна Македонија и Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Северна Македонија и Бугарија и ја нагласува важноста на нивната постојана имплементација. Овие два крупни чекори би требало да им стават ефективен крај на сите барања засновани на погрешното толкување на историјата, стои во последниот нацрт-заклучоци на ЕУ.

Се забележува и дека Советот ја користи долгата форма на името на Северна Македонија, Република Северна Македонија, додека се користи кратка за Грција и Бугарија. Едно од барањата на Софија е токму да не се користи кратката форма, Северна Македонија.

Реченицата за „погрешно толкување на историјата“ се појави првпат во заклучоците на ЕУ за Северна Македонија за време на бугарското претседавање со ЕУ во 2018, по склучувањето на договорот со Грција и Бугарија.

Според оваа последна верзија што ја нуди германското претседателство, дипломатската „победа“ за Северна Македонија е во тоа што реченицата не е вметната во пасусот за земјата, туку во преамбулата.

Во верзијата на заклучоците од ноември оваа реченица не се појавуваше воопшто, а се користеше и краткото име – Северна Македонија.

Од вчера заклучоците го користат само долгото име, Република Северна Македонија, како што бара Бугарија, која смета дека краткото име на земјата носи со себе ризик од иредентизам.

Овој компромис се однесува исклучиво на заклучоците за проширувањето на ЕУ, кои традиционално се усвојуваат на крајот на годината. Преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција се одделна точка и остануваат блокирани од страна на Софија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.