Published: Wednesday, September 18, 2013 15:57
Граѓаните со поделени ставови за заедничкиот појадок кој ќе се одржи на Камен мост и на мостот „Око“. Некои од анкетираните за НОВА велат дека манифестацијата можеби е добра, но немаат намера да појадуваат на мостот, и притоа настанот го опишуваат како обична реклама додека економијата во земјата стагнира, други го поздравуваат собирот.
За разлика од минатите години, годинава еден човек може да земе само една карта.
Пријавувањето започна на 10 Септември и ќе трае до 19 септември од 10 – 15 часот пред пунктот пред „Пелистер“ на плоштад Македонија.




